Република Северна Македонија е на 22. место во свет по производство на вино за 2022 година според OIV – International Organisation of Vine and Wine и во првите 15 држави на скалата по девизен прилив според податоците на World Top Export.

– Ова се одлични резултати за една мала земја како нашата која се натпреварува со далеку поголеми држави, порача првиот човек на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николвски.
– За изминатите седум години од 2016 до 2022, ние за лозарите и винариите сме исплатиле околу 90 милиони евра, по разни основи, а само во една година сме вратиле назад во буџетската каса две третини од овој износ.
Ова доволно зборува зошто посветуваме посебно внимание токму на овој сектор, и ги оправдува сите пари кои сме ги исплатиле кон лозарите и винариите низ годиниве наназад. Искрено им благодарам и на сите наши лозари и на сите наши винарии, големи и мали, кои силно придонесуваат за раст на домашната економија, и со поддршката од мерките и политиките на министерството заедно испишавме историја во винскиот сектор, рече Николовски.
