Новата учебна година за сите ученици од основните и средните училишта започнува денеска со физичко присуство и со посебни здравствени протоколи. Исклучок ќе бидат средните училишта во Тетово и Гостивар каде наставата ќе се одвива онлајн во првите 14 дена од почетокот на учебната година, а во Кичево и Струга во првите седум дена.
Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси и генерален секретар на СДСМ им посака среќен почеток на учебната година на сите ученици кои годинава за прв пат ќе седнат во училишните клупи или ќе се вратат во нив!
