Николовски им ја честиташе победата на македонските фудбалери: Вие сте наша гордост! Ова е огромен, историски успех за македонскиот фудбал

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски им ја честиташе победата на македонските фудбалери.

„Победа за испишување историја! За првпат македонската фудбалска репрезентација се квалификува на Европско првенство, на мегдан со најсилните европски репрезентации.
Браво момци! Вие сте наша гордост! Ова е огромен, историски успех за македонскиот фудбал, за македонскиот спорт“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e