Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денешната серија средби со претставници на нашите странски партнери ја заокружи со посетата на амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн.
„Моќната германска држава била и ќе биде силен поддржувач на нашиот пат кон целосно ЕУ членство и целосна интеграција во европското семејство. Разговаравме за можните пречки на тој пат, начините на кои може да се премостат, а со задоволство ја информирав и за идните планови во владиниот кабинет и активностите кои се планираат во најраните фази“, посочи Николовски.