Николовски: Граѓаните мора да ги бараат и бранат јасно и гласно своите права, а институциите мора да испорачуваат

Започнуваме со кампањата „Сега се е јавно – корупцијата не се исплати“!, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„Целта е да ги информираме граѓаните, дека сега се е достапно, сè се гледа. Да ги информираме и мотивираме да ги користат алатките што ни се ставени на располагање, да апелираме до институциите дека борбата е заедничка и секој има дел од одговорноста.
Граѓаните мора да ги бараат и бранат јасно и гласно своите права, а институциите мора да испорачуваат. Ги охрабрувам граѓаните да бидат гласни, одлучни и цврсти во желбата за подобро утре за сите нас.
Ова е борба, во која секој поединец е важен. Не смее да се создава забуна дека во оваа борба постои еден човек или една институција или владин кабинет и дека епилогот зависи само од тоа. Епилогот зависи од СИТЕ нас, и лично очекувам дека со заеднички сили ќе ја постигнеме целта“, нагласи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e