Генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 Љупчо Николовски заедно со генералниот секретар на ВМРО-Народна партија, Љупчо Балковски и претседателот на Обединети, Љубе Бошковски, денеска беа во скопско Марино каде разговараа со дел од симпатизерите и подржувачи на овие партии.
„Граѓаните масовно ја поддржуваат најголемата, најразноликата и најпрогресивна коалиција МОЖЕМЕ. На 15 јули граѓаните ќе изберат прогресивна европска држава наспроти режимска и криминална, што е асоцијација за ВМРО-ДПМНЕ.“ – порача Николовски оттаму.