Николовски: Граѓаните да бидат спокојни, државата​ има задоволителна количина на пченица, брашно и јачмен

Граѓаните да бидат спокојни, државата​ има задоволителна количина на пченица, брашно и јачмен, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Николовски посочи дека споредбено со 2017 година домашното производство на пченица е покачено за приближно 60.000 тони, додека пак увозот е намален за приближно 8.000 тони.

„Овие податоци се резултат на мерките што ги преземаме изминатите 4 години за поддршка на стратешките земјоделски производи“, нагласи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e