Николовски: Годинава го реализиравме ветувањето, а тоа е 50% поевтина нафта за производството на земјоделците

„#ЗеленаНафта“ – една од мерките за земјоделците за која ми е особено драго што ја воведовме.

Немаше разговор со нив изминативе години, а да не се пожалат на скапата нафта која на старт ги правеше неконкурентни. Нашата математика го потврди ова, најголемиот трошок во производството им беше токму од скапата нафта. Веднаш тргнавме во решавање на овој проблем.

Претходната година стартувавме со 30%, а годинава го реализираме моето ветување кое им го дадов како министер за земјоделство, а тоа е 50% поефтина нафта за нивното производство.

Земјоделци, ја продолжуваме соработката и во следниот период! Јас и #СДСМ, сме на располагање за секоја ваша потреба и добра мерка која е во интерес на развој на секторот земјоделство!
Nikolovski

ФБ статус на Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e