Го трасиравме и продолжуваме по европскиот пат!, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Тоа е најсигурна гаранција за безбедност, мир и развојот, единствен начин за градење стабилна, демократска држава каква што сакаме да ја направиме и да ја оставиме на идните поколенија.
Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери до остварување на нашите највисоки цели“, посочи Николовски.