Го решивме проблемот со недостигот на вода во браната Паљурци, во Богданци. Со ребалансот на буџетот обезебдени се средства за да се пушти струја и да се стават во функција пумпите за дополнување на вода во браната Паљурци. Оваа брана е од исклучителна важност за земјоделското производство во овој регион!
Новата реформска влада, јас и мојот тим, продолжуваме да работиме во интерес на земјоделците и во изнаоѓање на системски решенија за проблемите во земјоделството, потенцира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.