Николовски: Го менуваме пристапот кон корупцијата, ќе испорачаме и резултати

„Детално го анализиравме истражувањето на Транспаренси, реалноста за корупцијата со која се соочуваат граѓаните на некој начин е и наш впечаток и затоа го формиравме овој тим за борба против корупција, делегиравме еден човек со мал тим за да го направиме тоа кое со децении не е направено. Значи немаме нова институција, како што манипулира Гордана Силјановска Давкова во јавноста. И, најмалку јас или министерот за правда, Маричиќ, можеме да сме виновни за состојбата со корупцијата. Имаме проблеми нерешени со децении, наталожени, и затоа сме ја погодиле целта со назначување на вицепремиер за борба против корупцијата. Ние сме тука да се избориме против ова зло навлезено во сите пори, ние сме тука да испорачаме резултати и да ги исполниме ветувањата кон граѓаните. Мораме да го смениме она што беше пракса, само со чесност, искреност, знаење, и ако ја следиме агендата за борба против корупција од која очекуваме резултати“- коментираше вицепремиерот за борба проив корупција, Љупчо Николовски, во вестите на Сител, на прашањето поврзано со индексот на корупција и резултатите објавени од Транспаренси.

Тој дополни дека Владата има сериозна и одлична соработка со Антикорупциската комисија и дека само со координирани акции може да се постигнат резултати.

„Даваме целосна поддршка на Антикорупциската комисија, и првиот состанок мене ми беше со членовите на таа комисија. Давам поддршка на сите кои се вклучени во борбата, но тоа го можеме само ако сме чесни, неселективни, ако имаме порив да се бориме против корупцијата и тоа со длабинска анализа. Да не оставиме да ни застаруваат предмети, затоа и правиме промени во судството, таа филтрација ќе значи да им се остави простор на професионалните и чесните судии.“- рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e