Николовски: Го исполнуваме ветеното, ја воведовме мерката за субвенционирана нафта за земјоделската механизација

Во тек е јавниот оглас за набавка на гориво за земјоделска механизација што воедно претставува и последниот чекор од процедурата за воведување на оваа нова мерка. Мерката која за прв пат ја воведува оваа Влада има единствена цел да им го олесни производството на земјоделците и да им ги намали трошоците за механизацијата.

18052019_nikolovski_2

„Тендерот е отворен 70 дена и на него имаат право да учествуваат сите странски, домашни и правни или физички лица или група на такви лица кои што се регистрирани за вршење на дејност поврзана со предметот на договорот или на банката. Рангирањето на понудите ќе се врши според висината на понудените цени“, изјави Николовски.

Во годинешната Програма за директни плаќања, за оваа мерка МЗШВ издвои 200 милиони денари. Со мерката ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци што имаат полјоделски и градинарски култури, овошни и лозови насади.

18052019_nikolovski_3

Воведувањето на оваа мерка бараше прецизни анализи за што тимови на МЗШВ и Факултетот за земјоделски науки и храна, изработија методологијата за пресметка на процентот и трошоците. При креирање на мерката се водеше сметка за пријавените производни капацитети односно хектари за овошни и лозови насади, градинарски и полјоделски култури, при што анализите покажаа дека најмногу гориво или 150 литри по хектар се троши за овошните насади, потоа околу 120 литри за лозовите насади и градинарските култури, а 60 литри по хектар се троши за полјоделските култури.

18052019_nikolovski_5

„Бидејќи се работи за сосема нова мерка, за оваа година како прва во воведувањето на оваа нова мерка финансирањето ќе биде 30 отсто од трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација, со можност која што веќе е ставена и во законот понатаму овој процент да се зголемува и до 50 %.Согласно изработената методологија, висината на поддршката по корисник е утврдена во зависност од големината на површините и типот на земјоделски култури кои што се одгледуваат“ додаде Николовски.

Компанијата која ќе го добие тендерот има обврска да ги испечати платежните картици и потоа да ги достави до Платежната агенција којашто преку Подрачните единици ќе ги доделува на земјоделците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e