На иницијатива на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска заедно со амбасадорите на и претставници на Директоратот за економска дипломатија при МНР одржаа онлајн состанок на кој ги разгледаа можностите за изнаоѓање на алтернативни пазари за оние производи кои се извезуваат во Русија, Украина и Белорусија.
„Во овие тешки времиња на светска криза заеднички, сплотено, ги вложуваме сите сили и напори да им помогнеме на македонските земјоделски производители да ги пласираат своите производи во странство и да најдат нови извозни пазари“, истакна Николовски.