-Нема општество во кое целосно ја нема корупцијата или организираниот криминал, но наша света обврска, на оние кои граѓаните не гласале, со чест и одговорност е да одработиме, што и денеска го практицираме, одговорност. Ги лоцираме сите слабосите во системот, тука ќе бидам лично да помогнам, не да формираме паралелен систем за борба против корупцијата. – посочи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски во вечерашното гостување во „Економски магазин“ на Алсат ТВ.
-Ние направивме анализа и национална стратегија за борба против корупцијата која е доставена до Собрание. Во истата се ставени факторите на корупција и неказнивоста како еден од нив. Ризични се секторите вработување, јавни набавки…Само со системски пристап ќе се справиме со корупцијата, и ставање на личниот интерес на псоледно место, посочи Биљана Ивановска, претседателка на Антикорупциска во истата емисија.