На денешната средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја, Рејчел Галовеј, разговаравме за идните активности на Владата во делот на борбата против корупцијата и криминалот, и за мојата улога во целиот процес, посочи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Амбасадорката Галовеј, изрази задоволство од одлучноста на Владата и како поддршка ги понуди британските искуства во првенирање и борба против корупцијата.
Во наредниот мандат Владата останува посветена на стратешките цели, меѓу кои се ред и правда, како и исполнување на нашите обврски од членството во НАТО и забрзување на процесот на интеграција во ЕУ“, истакна Николовски.