Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски истакна дека економскиот и инвестициски план на Европската Комисија за Западен Балкан, вклучително и за Северна Македонија е од голема важност за поддршка на развојот на приватниот сектор, транспортното и енергетското поврзување, дигитализацијата, зелената агенда и социјалните инвестиции во регионот, како и енергетските проекти.
„Финансиската поддршка од 9 милијарди евра преку ИПА 3 во форма на грантови и поволни заеми за да се поддржи економското поврзување на Западен Балкан со Европската Унија, ќе испрати силна порака за поддршка на европската перспектива на овој дел на Европа.
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, денеска посочи дека во фокусот на ЕУ се и очекувањата за изградба на патната и железничката инфраструктурна мрежа за поврзаност на Северна Македонија со Бугарија преку Коридорот 8, еден од најважните паневропски коридори, на чија изградба сме силно посветени како Влада“, потенцираше Николовски.