Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски посочи дека во 2019 прв пат е креирана нова мерка за руралните жени како 100% неповратен грант од 3000 евра.
„Денес со факти зборуваме за интересот и успехот на истата:
– склучени 250 договори на првиот повик,
– оваа 2022 година за 100% го зголемивме односно дуплиравме грантот на 6.000 евра неповратни средства и распишавме веднаш нов повик за руралните жени,
– нови 72 жени до крајот на октомври ќе добијат решенија за грант до 6.000 евра,
– во регистарот на МЗШВ пред воведување на мерката имаше 36.048 а денес над 4.000 нови жени регистрирани односно веќе над 40.000 вкупно жени носителки на земјоделските стопанства.
– Со најновата реформа во земјоделството воведуваме нова мерка и можност за жените од 2023 година на отворен повик во текот на целата година – поддршка на бизнис план до 10.000 евра со што очекуваме уште поголема заинтересираност,
– со новата реформа воведуваме и нова програма со start up грантови за малите производители за продажба од фарма на производи од животинско и неживотинско потекло и поттик на минимум 2.000 нови мали семејни фарми,
– продолжува програмата за start up мали семејни винарии,
– со новата реформа воведуваме и нова програма за грантови за земјоделски задруги“, потенцираше Николовски.
Тој нагласи дека продолжуваат со рушење на рекорди во бројот на манифестации што финансиски ги поддржува МЗШВ а што ги промовираат разните слатка, џемови, ајвари, маџуни, сирупи, масла, сокови, зачини, сирења и кашкавали и разни традиционални производи, рецепти и вкусови пренесувани од колено на колено па се до најновите трендови на здравата храна.