Николовски: Единствено заедно и со меѓусебна поддршка можеме да обезбедиме одржливи системи за храна

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски присуствуваше на Шеснаесетиот по ред годишен работен состанок, заедно со министрите за земјоделство од Југоисточна Европа, кој оваа година се одржува во Црна Гора.

На состанокот присуствуваше и почитуваниот премиер на Црна Гора Dritan Abazović.

Работниот ден ќе го искористиме за продлабочување на регионалната соработка, за идентификување на меѓусебните потреби и интереси. Ќе продолжиме да работиме заедно за постигнување на стратешки цели на Зелената агенда за Западен Балкан, но и заеднички ќе ги изнесеме ставовите за Акцискиот план 2021/2030, рече Николовски.

Николовски нагласи дека единствено заедно и со меѓусебна поддршка можеме да обезбедиме одржливи системи за храна, да се бориме против деградацијата на агро системите и да го подобриме животот на нашите граѓани, кон почиста побезбедна и поздрава иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e