Николовски: Драго ми е што СДММ го следи модернизирањето, напредокот и развојот!

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на својот ФБ профил сподели дека вечерва е на средба со членовите на Социјалдемократската Младина.
„Работно во СДСМ, со нашите млади. СДММ е движечка сила на партијата, заедно со нас, рамо до рамо, носител на сите позитивни промени во партијата и во државата. Како човек што својот партиски пат го почнал токму во СДММ, особено ми е драго што СДММ го следи овој тренд, оваа нова насока на движење, модернизирање, напредок и развој на СДСМ.“ – рече Николовски.
Тој потсети дека во тек е процесот на ажурирање и регистрација на членството на СДСМ.
„На 21 март секој наш член ќе гласа на непосредни внатрепартиски избори, членовите ќе бираат претседател на најдемократски начин. Тоа е СДСМ, најдемократската партија во земјава!“ – заклучи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e