Николовски: ДПМНЕ – една нова винарија. СДСМ – 101 за една година!

Ексминистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и актуелен пратеник Љупчо Николовски смета дека се негативни резулатите од укинување на програмите за малите производители.
-Шокантни резултати од политиката на укинување на програмите за малите производители.
Влада на СДСМ – во една година регистрирани 101 мала семејна винарија.
Влада на ДПМНЕ – во една година регистрирана само 1 мала семејна винарија.
ДПМНЕ – една нова винарија. СДСМ – 101 за една година!- сподели тој.
– Безидејноста, немањето на капацитет како и напуштањето на успешните реформи и политики, само затоа што некој друг имал визија да ги воведе, дава вакви жестоки и гигантски резултати, дециден е Николовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e