Денеска, вицепремиерот Николовски и сопругата донираа два аспиратора на Универзитетската Клиника за Детски Болести.
“Денеска, со нашата скромна донација, два аспиратора за Универзитетската Клиника за Детски Болести, ја изразуваме поддршката и благодарноста до здравствените работници за нивната посветеност, несебична грижа и неуморна борба за секој човечки живот.
Искрено веруваме дека во овие моменти кои ги наметна светската пандемија ќе ја олесниме работата на здравствените работници и лекувањето на децата хоспитализирани на оваа клиника.
Чувството да се помогне е непроценливо, нѐ прави уште посреќни и позадоволни!
Во овие тешки денови, ве повикувам, да бидеме хумани и солидарни, секој во рамките на своите можности.”- потенцира Николовски.



Општо познато е дека Николовски и кога беше министер и сега како вицепремиер сите свои дневници ги донира во хуманитарни цели.