Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска е домаќин на генералот на Националната гарда на Вермон , Gregory Knight.

– Уште при посетата моја во мај годинава, договоривме неколку конкретни соработки во однос на младите, виното и шумарството кои се веќе во тек. Вермонт е наш искрен поддржувач и земја пријател. 30 годишното партнерство со Вермонт го зајакнуваме и уште повеќе го зацврстуваме во делот на размена, искуства и знаења во земјоделството, порача Николовски.


Денеска заедно ја посетија и винаријата ИМАКО, уште една успешна ИПАРД приказна, во село Софилари, штипско.
– Во обиколката на винаријата го запознавме генералот со процесот на производство, опремата набавена со ИПАРД средства, архивската винотека на винаријата ИМАКО, како и збирката на архивски стари пушки. Задоволство е да се презентираат успешни македонски винарии, кои дополнително поттикнуваат меѓуинституционални разговори за пласман на нашето македонско вино во Вермонт, вели Николовски.





