Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски преку социјалните мрежи информираше за огласот кој е распишан од министерството, за доделување на државно земјоделско земјиште.
“Почитувани земјоделци, објавивме два јавни огласи за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. Едниот јавен оглас е за површини до 3 хектари за регионите: Неготино, Берово, Пробиштип, Кисела Вода, Кичево, Прилеп. Вториот јавен оглас е за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари во сопственост на државата во следните региони во Република Македонија: Виница, Битола, Гевгелија, Ресен, Струга, Кавадарци, Кратово, Кочани. Доделувањето на земјоделското земјиште ќе биде транспарентно. Земјиштето кај вистинските земјоделци.” – напиша министерот Николовски.