Министеротт за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека ќе се доделат 30 стипендии во износ од 18.000 денари за студенти запишани на додипломски студии од областа на земјоделството, шумарството и ветеринарството.
„Ги вклучуваме студентите во изработка на програми и закони, преку волонтирање во рамките на МЗШВ и Управите во состав.
Потпишавме Меморандум со Факултетите со што овозможуваме организирање и реализација на практична настава и кариерно унапредување на студентите.
Заедно со Факултетот за ветеринарна медицина набавивме софистицирана аналитичка лабораториска опрема за контрола на квалитетот и безбедност на храна“, посочи Николовски.
Николовски потенцираше дека младите се сегашноста, инвестираме и вложуваме во нивната иднина. Нека е честит Меѓународниот ден на студентите!