Денеска, Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, подели 400 пакети со храна на социјално загрозени семејства во Штип, Пробиштип и Кратово.
“Денеска делевме пакети со храна на социјално загрозени семејства во Штип, Пробиштип и Кратово. Дониравме вкупно 400 пакети на кризните штабови на овие градови.
Да се грижиме еден за друг и да ги почитуваме сите заштитни мерки. Заедно и сложни ќе го надминеме овој тежок период” посочи Николовски.