Николовски: Доделени се договорите на 22 општини за реализација на проекти за граѓаните, со вкупна вредност од 9,9 милиони евра

Денеска ги доделивме договорите на 22 општини за реализација на проекти за граѓаните, со вкупна вредност од 9,9милиони евра, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„Овие 23 проекти вредни 9,9 милиони евра ќе се реализираат во првата фаза
•Во општина #Бутел за доизградба на детската градинка „Св.Климент Охридски“;
•Во #Прилеп з реконструкција на главниот довод на Пашовски ливади;
•Во #НовоСело за канализационен систем во с. Сушица;
•Во #ШутоОризари, средствата се предвидени за изградба на атмосферска канализација;
•Во општина #КриваПаланка, за реконструкција на улицата Вршачка;
•Во општина #Валандово, поточно за с. Раброво предвидена е изградба на канализација и колекторски систем;
•За општина #Струмица, за Проект на регулација на Порој – Св. Илија;
•Во #Делчево, за реконструкција на училишна фасада на ООУ „Ванчо Прке“;
•Во #Ресен, во населено место Сливница, следи изградба на канализација;
•Во #Пробиштип, реконструкција на улица Даме Груев;
•Во #Карбинци, регинален водоводен систем Голема Плачковица;
•Во #Липково, Водовод за селото Лојане;
•За #Тетово, изградба на патот Благоја Тоска;
•Во #Чаир, за реконструкција на постоечка водовоната мрежа и на постоечка канализација;
•Во #Сарај, реконструкција на патот Букович – Раовиц;
•Во #Росоман, рехабилитација и санација на главен цевковод за водоснабдување на с. Крушевица;
•Во #Босилово, за изградба на водоводна мрежа во населено место Гечерлија;
•Во #Карпош, за партерно уредување и реконструкција на пешачка зона -платформа на станбено-деловен комплекс – Порта Влае;
•Во #СтароНагоричане, за изградба на патен правец до с. Драгоманце,
•Во #Неготино, за изградба на улици во село Тимјаник;
•За општните #Зелениково, #Теарце и #Боговиње за изградба на комунална инфраструктура“, посочи Николовски.

Никоиловски нагласи дека Владата континуирано се залага за рамномерен регионален развој и јакнење на инфраструктурата на општинско ниво #Продолжуваме!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e