Ми претставува огромна чест и најмногу од сè, мотивација што сум одбран од Интернационалната стопанска комора од Холандија за добитник на наградата за интегритет за 2020 година, истакна денеска вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси откако ја прими наградата.
„Признанието го посветувам на сите Вас кои ми помагате во сиот овој период во кој почнуваме една многу чесна, храбра и патриотска битка за поставување нови стандарди, воведување нови мерки и практики во борбата против корупцијата, појава која не влече надоле со децении.
Битката е заедничка, приклучете се, помогнете, од секој еден човек зависи кој ќе излезе како победник. Да бидеме тоа ние. Да ја победиме корупцијата заедно“, посочи Николовски.