Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски доби благодарница од пинг-понг клубот Крива Паланка.
Голема чест за мене е денешната благодарница која ја добив од страна на пинг-понг клубот Крива Паланка 2007, посочи Николовски.
„Овој клуб има одлични млади таленти, а резултатите го потврдуваат тоа. #ППК Крива Паланка 2007 е актуелен првак во регуларниот дел од сезоната, во најсилната домашна пинг-понг лига. Мојата поддршка, за овој клуб, уште посилно продолжува и во иднина, овие млади и успешни спортисти тоа го заслужуваат“, истакна Николовски.