Дигитализацијата и информатичко-комуникациските технологии се задолжителен дел од преобразбата кон едно современо општество, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Ова е област која нуди огромен број можности за кариера и бесконечно голем простор за личен кариерен развој, особено на младите луѓе.
Денес компанијата „Скеил Фокус“ креираше 70 нови работни места во оваа област, со поддршката на инвестицискиот план кој е поддржан и од Владата согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Продолжуваме со развојот на одржливите решенија и градиме инфрастуктура за модернизација на државата!“, посочи Николовски.

