Денеска оддаваме чест на 117-годишнината од трагичната смрт на Гоце Делчев, напиша на Фејсбук генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
„Како водач на македонското револуционерно дело тој е симбол на македонската независност и обединетост. Му се поклонуваме и во негова чест продолжуваме да се бориме за еднакви права за сите, правда и слога меѓу нашиот народ“, посочи Николовски.