Николовски: Денеска Крива Паланка е синоним за успех, пример за успешно раководењето на општината, за заедништво и сплотеност

Вчера во Крива Паланка се одржа централната граѓанска трибина „Силно и одлучно кон иднината“ на која меѓу присутните беа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, генералниот секретар Миле Зечевиќ,…

Ова е мојата Крива Паланка, ова е нашето СДСМ кое силно и одлучно исполнува, реализира и работи за сите наши граѓани, рече министерот Николовски.
Nikolovski1„Денеска е историски ден, денеска го одбележуваме почетокот на изградбата на источниот дел од Коридорот 8.
-Железничка модерна пруга која после 30 години ќе стане реалност и ќе ја поврзе Крива Паланка со Куманово. Истокот живее, Крива Паланка расте се развива и модернизира со СДСМ. Оваа Влада инвестираше над 60 милиони евра во овој регион за регионални и локални патишта.
-Системот за наводнување Славишко Поле е уште една завршена капитална инвестиција на која сум особено горд.
-Мојата градинка Детелинка, една од најубавите градинки во државава е целосно реконструирана, а Домот на културата после 40 години доби сосема нов и модерен лик“, посочи Николовски.
Nikolovski2Николовски нагласи дека денеска Крива Паланка е синоним за успех, пример за успешно раководењето на општината, за заедништво и сплотеност.
Nikolovski3„Полната сала, позитивната атмосфера и големиот интерес на оваа трибина се доказ дека сме на вистинската патека. Само со силни храбри и одлучни чекори, да одиме напред, кон иднината заедно со #СДСМ а во интерес на сите наши граѓани.
Да живее СДСМ, да живее Крива Паланка!“, рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e