-Денеска се одржа првата ЕУ прес-конференција која беше преведувана на македонски јазик! Како датум ќе остане запишан во историјата на нашиот пат кон полноправно члество во Унијата. На истиот овој ден, го добивме и извештајот на Европската комисија за реформскиот напредок на Северна Македонија за оваа година. – пишува вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски на свјот ФБ профил.
-Извештајот потврдува дека постигнуваме напредок во голем број области, а во понатамошните денови и вие како јавност ќе бидете запознаени со деталите од него. Ме радува напредокот во борбата со спречување криминал и корупција, како и основните човекови права, изборите, правосудството итн. – констатира Николовски.
Извештајот нека биде алатка за трасирање на патот во блиска и средна иднина, како и мерило за успесите кои заедно мораме да ги постигнеме. – порача вицепремиерот.