Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со раководителот за соработка на Делегацијата за ЕУ Стефен Худолин, и програмските менаџери за секторот земјоделство и рурален развој денеска одржаа редовен работен состанок.
На состанокот детално се разработени тековните ИПА проекти што се реализираат во секторот, нивниот прогрес и предизвиците со кои се соочуваат.
„Покрај тековните проекти финансирани од ИПА 2015 и ИПА 2019 ќе реализираме и проекти од ИПА 2021 како градба на мали системи за наводнување и продолжување на уредувањето на пазарите за земјоделските производи.
На мое големо задоволство Делегацијата на ЕУ најави и отпочнување на нов програмски циклус на ИПА 2023-2024.
Работиме во интерес на граѓаните, со конкретени мерки и политики што водат кон развој и напредок“, истакна Николовски.