Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, го посочи Гоце Делчев како симбол на еднаквост и слобода на сите сегашни и идни генерации.
“Одбележуваме 151 година од раѓањето на еден од највлијателните херои на македонската државност, Гоце Делчев. Визијата на Гоце за слобода, правда и еднаквост, денес ги живееме во независна, суверена и демократска држава, земја пријател со светот. Делчев како визионер кој го разбира светот како поле за културен натпревар, ќе остане вечно запаметен и воспеван како силен мотив за еднаквост и слобода на сите сегашни и идни генерации”, стои во Фејсбук статусот на Николовски.