Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на денешната втора седница, ги врачи мандатните писма со утврдена мисија и задачи за новиот четиригодишен мандат на вицепремиерот за спречување корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
Да се служи на граѓаните е исклучително голема привилегија, истакна Николовски.
„Да се донесат резултати е императив. Секој од нас сака фер општество и еднаквост, а на патот кон тоа стои корупцијата како најголем проблем.
Благодарам на довербата, давам збор дека ќе дадам се од себе во целта да се направи видлива промена на подобро. Очекувам силна поддршка од сите вас кои ја чувствувате истата решителност.
А сега, да оствариме резултати!“, посочи Николовски.