Николовски: Да се почитуваат мерките за заштита од вирусот, нема да има толеранција за прекршителите

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски истакна дека инспекциските служби за време на викендот без ДДВ ќе продолжат со интензивни контроли на терен, во делот на почитување на КОВИД протоколите, а државниот пазарен инспекторат ќе спроведува контроли со цел да се спречат можни манипулации со цените на производите.

„За секое непочитување на КОВИД протоколите предвидени се глоби во зависност од големината на трговците.
На последната владина седница, усвоени беа измените на Законот за заштита на населението од заразни болести со кој сите инспекциски служби ќе добијат нови, поголеми овластувања за прекршителите на КОВИД протоколите.
Затоа, апелираме да се почитуваат мерките за заштита од вирусот со цел да се спречи неговото ширење. Јавното здравје е наш приоритет и нема да има толеранција за прекршителите“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e