Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на сите граѓани кои денеска чествуваат Велики поклади-Прочка им го честита овој голем празник на духовно помирување и простување и им посакува да го поминат спокојно со семејството и најблиските.
„Денес, кога гледаме како се загрозени основните човекови вредности и права, да се обединиме и солидаризираме, да ја покажеме убавината на мирот, на подадената рака, на хармонија и спокојот.
Да простуваме за да ни биде простено, да почитуваме за да бидеме почитувани“, посочи Николовски.