Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на македонското востание.
„Нека е честит 11 Октомври – Денот на македонското востание. Заложбата на нашите предци за слобода и независност, денес е заложба на сегашните генерации за рамноправност со демократскиот и развиен свет.
Горди на нашето минато, со одлучност ги реализираме нашите стратешки цели, слободна, демократска и развиена држава-партнер на светот, на само чекор до Европското семејство и полноправна членка на НАТО.
Да ги славиме и воспеваме идеалите на нашите предци, кој ни го покажаа патот до напредокот, слободата и еднаквоста.
Да ни биде вечна и вековита Република Северна Македонија. Да живее слободата!“, стои во честитката.