Николовски со честитки за студентите од „Шумарски“ кои добија стипендии

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска упати честитки за Исидора, Елена, Анастасија, Јована и Петар, добитници на стипендии од “Факултетот за шумарски науки пејсажна архитектура и екоинжинеринг Ханс Ем”.

44

-Цврсто стоев на ставот дека за студентите кои ги изучуваат овие благородни науки мора да има стипендии, и затоа МЗШВ одвои буџет со пренамена кон МОН се со цел да се реализира овој важен проект, вели Николовски.
-Освен поддршката за стипендии, оваа година за прв пат директно ги вклучивме студентите во изработката на програмите и законските решенија, преку практиканство во секторите на министерството, што е дополнтелна мотивација за изучување на овие благородни науки, подобро образование, а со тоа и наш заеднички придонес и успех во понатамошниот развој на земјоделскиот сектор, додава министерот Николовски.

33

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e