Генералниот секратар на СДСМ Љупчо Николовски упати честитки до македонските граѓани кои ќе добијат, како шо рече, европска влада, откако беше објавено дека е постигнат договор со ДУИ за владина коалиција.
„Честитки за сите македонски граѓани, постигнавме договор за нова европска Влада, во полн мандат, водена од претседателот Заев. Чест ми е што учествувам во овој процес кој на граѓаните ќе им донесе институции кои им служат со полн капацитет. Да живее Северна Македонија, да живеат македонските граѓани 🇲🇰! – порача Николовски на својот ФБ профил, споделувајќи фотографија заедно со лидерот на СДСМ и иден премиер Заев.