Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, по повод Денот на здравјето. упати честитка до здравствените работници.

“Нашите чувари на здравјето, медицинските работници играат важна улога во едно општество. Посебна почит за нивната несебична и пожртвувана работа, со која обезбедуваат квалитетен на живот на граѓаните.
Значително ги покачивме платите на сите категории здравствени работници, но тоа не е доволно. Во следниот мандат потребно е уште поголемо зголемување. Планираме плати до 180.000 денари за докторите специјалисти, до 90.000 за медицинските сестри. Мора да ги задржиме лекарите и здравствените работници тука, мора да добијат конкурентни услови за работа и плати како во европските земји.
Инвестициите во здравството пак, имаат исклучителна важност за системот чија задача е во секој момент да биде подготвен и да ја даде соодветната услуга за здравствените потреби на граѓаните.
За да се оствари правото на здравје, услугите треба да бидат достапни, пристапни, прифатливи и квалитетни. Граѓаните треба да имаат пристап и до образование информации, но и до безбедна вода за пиење и храна, адекватна исхрана и живеалиште, добри услови за работа и чиста животна средина.
Нека е честит Денот на здравјето. Да се грижиме за нашето здравје, тоа е приоритет.” – стои во честитката од Николовски.