Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска упати честитка по повод Меѓународен ден на ромскиот јазик.
„Во 2015 година, УНЕСКО го прогласи 5-ти ноември, за Светски ден на ромскиот јазик и го декларираше ромскиот јазик како културното наследство и богатство на светот. Една од нашите заложби е негувањето и унапредувањето на традицијата и културата на сите народи кои живеат во Република Северна Македонија, создавајќи услови за зачувување на нивниот национален и културен идентитет“ – напиша тој на својот ФБ профил порачувајќи:
„Да ги зачуваме традицијата и вредностите на ромската заедница, да ја славиме различноста и да создадеме општество без дискриминација и предрасуди.“