Николовски со честитка за Илинден: 2. август е симбол на нашиот пркос, симбол на вербата, но и борбата за слобода, независност и самостојност

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски упати честитка до сите граѓани на Република Северна Македонија по повод големиот државен празник Илинден.

„2. август е симболот на нашиот пркос, симбол на вербата, но и борбата за слобода, независност и самостојност.

Денес, 117 години од Илинденското востание и 76 години од заседанието на АСНОМ ги живееме идеалите на нашите славни претци кои нѐ задолжија со своите херојски дела.
Денес, живееме во слободна, демократска, независна држава признаена од сите, држава пријател и сојузник со целиот демократски свет.“ – пишува Николовски во честитката.

„Не застануваме тука, како сериозна, државотворна партија, заедно со граѓаните, го продолжуваме патот кон развојот, напредокот и интеграцијата. Уште повеќе и уште подобро продолжуваме да работиме на обезбедување на сигурна, стабилна и безбедна иднина за нашата татковина. Нека ни е честит и вековит 2. август – Денот на Републиката!“ – истакнува Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e