Николовски со честитка за 23 Октомври: Македонските револуционери се гордост и пример за нас!

Македонските револуционери се гордост и пример за нас, она што сме денес во голема мера го должиме на нив.Затоа денеска се одбележува 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. – напиша вицепремиерот Љупчо Николовски во честитката по повод денешниот празник.

Тие се бореа за слобода, еднаквост, за вистински независна и признаена држава од светот. Идеали кои со членството во НАТО и Европската Унија се постигнати на ниво кое било незамисливо порано.Но, имаме уште многу работа пред нас, македонската држава која сега е безбедна, сигурна и наша, треба да ја направиме подобра, посредена и пример за секој во регионот и пошироко. Честит 23 Октомври! – порача Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e