Николовски со честитка: Нека е вечен споменот на двата Илиндена!

Ексминистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и актуелен пратеник Љупчо Николовски со честитка по повод двата Илиндена!
-На овој голем ден да се поклониме пред илинденските востаници и хероите на НОБ, кои со својот живот ја испишаа најславната страница на нашата историја.
Двата Илиндена, во 1903 и 1944, го одразуваат континуитетот на државотворната историја и стремежот на народите на нашата земја да создадат сопствена држава, еднаква во друштвото на народите.
Илинден е код во духот на Македонците, и на сите народи кои живеат, творат и се борат за подобро утре во нашата татковина.
Честит Илинден – ден на гордост, слобода и љубов кон Македонија!
Нека е вечен споменот на двата Илиндена!
Нека е честит и вековит Денот на Републиката!
Да живее Република Северна Македонија! – напиша Николовски во честитката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e