Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со честитка по повод денешниот празник.
– 20 ГОДИНИ ИЛИНДЕН- ОГНИШТЕ НА ТАТКОВИНАТА. Го славиме денот на започнувањето на Илинденското востание, прогласувањето на Крушевската Република и Денот кога пред 79 години е одржано првото заседание на АСНОМ и воспоставување на нашата државност. Само обединети и заедно, можеме да ја оствариме визијата за градење на мултикултурно, мултиетничко, слободарско, демократско општество на кое не задолжија илинденците.
На овој голем ден Илинден, оддаваме почит кон нашето херојско минато. 120 години од Илинденското востание кое ги поведе граѓаните кон слобода, независост, и единство. Денес ги уживаме благодетите на современа, независна и суверена македонска држава. Горди на славното минато уште порешително чекориме кон светлата иднина.
Нека е честит и вековит 2 Август, Денот на Републиката! – порача Николовски.
