Николовски: Честит празник Св. Климент Охридски – темелот на нашата писменост, просвета и духовност

Пратеникот од редовите на СДСМ Љупчо Николовски упати честитка по повод денешниот празник „Св. Климен Охридски“.

– Честит празник Св. Климент Охридски – темелот на нашата писменост, просвета и духовност.
Делото на Св. Климент е темел врз кој е изградена нашата традиција, култура и идентитет. Неговата мисија да создава, просветлува и обединувa е наш обврзан патоказ и денес.
Да го чуваме и надградуваме она што го наследивме – јазикот, писмото и вредностите кои нè прават народ со силни корени и јасна иднина.
Нека е за многу години празникот! – наведува тој во честитката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e