Честит ден на трудот, почитувани работници!
Ви благодарам за напорите кои секојдневно ги вложувате. На овој Први мај оддавам особена почит за храброста на секој работник кој остана на своето работно место и во служба на опшеството во овие вонредни времиња.
Оваа Влада предводена од СДСМ докажа дека наши приоритети се заштита на правата на работниците и унапредување на условите во кои работат. Ја покачивме минималната плата на 14.500 денари и ја изедначивме во сите сектори, а невработеноста ја доведовме до историски најнизок процент.
Токму во овие кризни времиња остануваме посветени на овие наши приоритети. Да зачуваме што повеќе работни места и да ги заштитиме правата на секој работник. За оние што ќе останат без работа, во духот на солидарноста и социјалдемократијата, да обезбедиме помош и континуирана поддршка.
Нека ни е честит 1 Мај! Заедно ќе пребродиме!
ФБ статус на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ