Николовски со честика за празникот и Денот на рударите: Само со давање добро го отвораме срцето за примање добро!

Вицепремиерот за корупција, одржлив развој и човечки ресурси во новата Влада и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски упати честитка по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, и наедно го честита Денот на рударите.

„Да сте живи и здрави, ви посакувам среќа и мир на денешниот голем празник, Успение на Пресвета Богородица.

Чувајте се, поддржувајте се, помагајте си еден на друг. Само со давање добро го отвораме срцето за примање добро.

Воедно, ги поздравувам и многуте мои пријатели-рудари од источниот крај. Денес е и ваш ден – денот на рударите! Едни од најпожртвуваните, храбрите и трудољубивите луѓе кои јас сум ги запознал низ нашата преубава татковина.

Нека е за многу години!“ – пишува Николовски во честитката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e