Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски упати честитка по повод Денот на народното востание.
„Честит нека ни е празникот! Се потсетуваме на 11 октомври 1941 година и на луѓето кои во Прилеп, Куманово и низ другите градови, идејата за слобода тргнаа да ја претворат во реалност. Да ги славиме и почитуваме овие денови и хероите кои ги направиле значајни за нас. Да го дадеме и својот придонес во идејата за слободна и просперитетна татковина, како нова ѕвезда во европското соѕвездие. За многу години 11 октомври! Чувајте се, ви посакувам многу здравје и радост.“ – порача Николовски.